На Хрватска ѝ требаат странски работници, но тамошното МВР ја кочи работата

Здружението „Гласот на претприемачите“ апелира за побрзо издавање на работните дозволи за кои посочуваат дека стануваат пречка за туристичката сезона бидејќи долго се чека.



Во Хрватска, во пресрет на сезоната недостатокот на работна сила станува хроничен проблем.

За да се компензира недостигот на работна сила, работодавачите се повеќе се потпираат на странски работници.

Но, проблемот настанува кога издавањето на работна дозвола преминува во долг и неизвесен процес надвор од пропишаниот рок.

Иако МВР на Хрватска треба да издаде работни дозволи во рок од 15 дена од приемот на барањето, постапката често се пролонгира на три или повеќе месеци, што доведува до застој на вработувањата и неизвесност кај работодавачите и работниците – соопштуваат од Здружението.

Причината за ова доцнење, тврдат тие, лежи во административниот систем кој го регулира издавањето на работните дозволи.

„И покрај укинувањето на квотите за вработување на странски државјани, системот на издавање работни дозволи за државјани на трети земји останува бавен и неефикасен, а овие граѓани се носители на најмногу издадени работни дозволи во Хрватска.

Граѓаните на Босна и Херцеговина водат во однос на бројот на издадени одобренија во 2022 година со 36.769, а потоа следат граѓаните на Србија со 19.127 и Непалците со 12.222.

Според проценките, годинава се очекува да бидат издадени приближно 180.000 продолжени и нови дозволи, но со оваа стапка е можно е оваа бројка да биде значително помала“, посочуваат понатаму.

Тие исто така наведуваат дека „бавноста во процесот на издавање дозволи ја ограничува способноста на работодавците да соберат квалитетни и доверливи тимови и навремено да одговорат на зголемениот обем на работа и да обезбедат висококвалитетна услуга што ќе ги задржи туристите да се вратат следната година ‘.

„Што чекате господа? Дали навистина треба да чекаме дозволи 3-4 месеци или повеќе, и со години? Сфатете дека сте услуга, дека ние ви плаќаме и ги забрзуваме процесите, дигитализирајте го системот и оставете нè да работиме!“, рече Хрвоје Бујас, претседател на Здружението глас на претприемачите.