Тешко или никако се спровеува Преспанскиот договор во Грција, додека Македонија, до детал и во точно определен термин, ги исполниува обврските.



Во земјаваод 12 август почна стругањето на Сонцето од Кутлеш дури и од шахтите (Sic!) на канализационата мрежа, а на спомениците на Воинот на коњ, Филип, Олимпија беа поставени ознаки со кои македонската страна признава дека овие споменици биле дел од хеленската и така натаму светска историја и култура.

Во Грција, во меѓувреме нема никакви активности во правец на исполнување на преспанските обврски од таа страна на границата:

„И натаму остануваат непроменети таблите на кои стои името ФИРОМ а на места и Скопје. Дел од аналитичарите пак велат грчката страна ќе мора да почне со примена на одредбите но оценуваат дека новата влада на Мицотакис е се уште под импресии од настапите во кампањата но и вокабуларот кој го имаше сега веќе актуелниот премиер на Грција кој благодарение на тоа издејствува победа над Ципрас“ вели за ТВ 24, Исмет Рамадани.