На Грција малку и фалело да ги расипе односите со Скопје, вели бугарски професор

Кирил Топалов, член на бугарско-македонската комисија за историја вели дека Македониоја не го почитува Договорот за пријателство и добрососедство, потпишан пред четири години и кој се’ уште треба да има тежина, бидејќи е формален договор помеѓу две држави.



Тој смета дека за жал, Македонија не го спроведува.

„Пратениците во РСМ гласаа за декларација која речиси го прави Договорот меѓу нашите две земји бесмислен и ги разнесува нашите идни односи, бидејќи е чекор назад не само во односите со Бугарија, туку и со Грција.

Грчкото општество веќе масовно не го прифаќа Договорот од Преспа и беше против него. На Грција и треба само еден обид од с. Македонија да се врати на „антиквизација“ за да ги расипе односите “, додаде тој.