Професорот Нано Ружин ги повика „сите проевропски сили“ да се мобилизираат и да дадат поддршка за преговарачката рамка за членство во Европската унија, која условува прво да се впишат и Бугарите во Уставот.
„Овој вредносен пакет на национален интерес е значаен и тој треба да се објасни, но тој пакет значи и жртвување. Ова прашање во однос на Преспанскиот договор е смешно. Ова е нула“, изјави тој во емисијата „Детектор“ на ТВ Сител.
Поранешниот амбасадор во НАТО предупредува дека, ако за три години нема никаков напредок, Македонија ќе се најде во многу тешка ситуација и ги повика интелектуалците преку анализи да ја објаснат потребата од жртва заради забрзување на евроинтеграцијата.






