На ГП „Богородица“ за влез во Грција се чека 90 минути

Поради зголемена фреквенција на возила порадио викендот и летните одмори, времето на чекање на граничниот премин Табановце за влез во државата е 30 до 40 минути.



На граничниот премин Богородица за излез од државата и влез во Грција се чека од 60 до 90 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.