На авторот на една од најдолго објавуваните колумни во македонското новинарство ,,Сакам да кажам” не му се верува колку е неспособна власта на СДСМ и ДУИ.
Погрешно е да се мисли дека власта е неспособна само за тековни работи од нејзин делокруг, смета Горан Михајловски во колумната со наслов ,,Може и поочајно”.
,,Не можам да поверувам дека власта е толку некадарна, што дури и една реконструкција на Влада не успеа да испланира како што треба.
Ние мислевме дека не можат да испланираат редовна набавка на учебници, обрасци за лични документи, регистарски таблички и свидетелства, а тие не можеле да испланираат ни разрешување на сопствените министри.
Цела недела не можат да се соберат за да ги разрешат министрите, а допрва нова влада ќе бираат.
Дозволија министерот за правда да им даде оставка, а пред тоа да не им ја потпише еврообврзницата од 600 милиони евра. Нивен министер беше Тупанчевски, не беше на опозицијата”, пишува Михајловски во својата последна колумна која може да ја прочитате на овој ЛИНК.






