Утре во Тирана ќе се одржи состанок на албанскиот премиер Еди Рама со лидерите од албанските политички партии во Македонија.



Според Zyrtare.net, покана за средба добиле претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, Движењето Беса, Билал Касами и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши.

Не се знае која е причината за свикување средбата но симптоматично е што доаѓа во клучен момент кога се подготвува терен во Собраниетода се изгласаат уставни измени.

Тиранската платформа беше потпишана на Божик 7 јануари во 2017-ма година. 

Партиите од албанскиот блок тогаш се обврзаа дека ќе формирана влада само со онаа политичка партија која во целост ќе ја прифати и потоа примени „Тиранска платформа“.