На гласачки места во Тетово ги „заборавиле“ списоците на македонски јазик и истакнале списоци само на албански!

Претседателот на Државнат изборна комисија Александар Даштевски и неговата заменичка Дитмире Шеху дојдоа во Тетово на увид на гласањето за вонредните избори за членови на Советот на општината. Даштевски истакна дека имало „мали технички пропусти“ за што им било укажано на избирачките одбори, меѓу кои и „немањето списоци на македонски јазик“!

„Некои од неправилностите се исправија веднаш. На некои места имаше објавени списоци само на албански јазик, немаше на македонски. Тоа е технички пропуст и им укажавме дека мора да биде двојазично.“ – изјави Даштевски.

На новинарско прашање зошто необјавувањето на списоците со улиците на македноски јазик се смета за технички пропуст, а не човечки фактор и неодговорност, Даштевски рече дека „тука нема одговорност“.

„Ги имаме. Сме ги испечатиле и сме ги донеле. При примопредавање на материјалите, дали се примопредадени или не, не знам. Или се примопредадени, а се ставени во кутија и заборавиле да ги истакнат. Нема одговорност, треба да ги закачат. Им реков сега да ги закачат. Бидејќи е пропишано да биде двојазично.“ – изјави Даштевски