Новак Ѓоковиќ синоќа даде официјална изјава во која се обиде да објасни што се случило во декември кога добил позитивен тест за коронавирус.



Ѓоковиќ на Инстаграм објави дека во неговиот формулар за влез во Австралија била направена грешка, но за тоа ги обвини своите соработници. Тој признава и дека и покрај тоа што имал позитивен резултат на корона-тестот, тој се сретнал со еден новинар.

Австралиските медиуми претходно информираа дека Ѓоковиќ во 14-те денови пред да полета од Шпанија за Австралија, престојувал и во Србија, но тоа не го навел во формуларот,преенсе Дојче веле.

Министерството за имиграција сега ја испитува валидноста на документите и евентуалното казнување на Ѓоковиќ бидејќи, како што самиот кажа, поради грешка на агентот кој ја пополнил пријавата, дал неточни податоци за патувањата.

Казната би можела да биде драконска и би можела да биде до пет години затвор, јавуваат австралиските медиуми.

Исто така, се испитува и времето на објавување на резултатите од тестовите, кои беа доведени во прашање од некои медиуми.

Медиумите во Австралија јавуваат дека правниот тим на најдобриот играч во светот поднел правни поднесоци кои се релевантни за евентуално одземање на визата.

По тој повод кратка изјава даде портпаролот на министерот за емиграција Алекс Хок.

„Се разбира, тоа ќе влијае на временската рамка за конечната одлука“, рече тој.

Тешко е да се каже каков ќе биде епилогот од оваа приказна, која трае повеќе од една недела.

Министерот Хок има право, без разлика на судската одлука, со која му е вратена визата на Новак, согласно член 133в од Законот за миграција, да донесе одлука за негова депортација, јави Б92.