На Гинекологија 3 медицински сестри со Ковид-19

Три медицински сестри се позитивни на коронавирус на Клиниката за гинекологија и акушерство, а еден лекар и директорката Викторија Јовановска се во самоизолација, дознава Плусинфо.



Медицинските сестри се заразиле преку семеен контакт и веднаш биле изолирани, така што не постои никаква опасност да се пренесе вирусот на клиниката, велат од Гинекологија.