„Како резултат на демографскиот развој, бројот на потенцијално работоспособното население ќе се намали за 150.000 оваа година. Во наредните години ќе биде многу подраматично“, изјави претседателот на германската агенција за вработување, Детлеф Шеле за Зидојче цајтунг.
Според него, Германија би можела да го реши проблемот доколку обучи неквалификувана работна сила и ако на оние што работат со скратено работно време, а не го сакаат тоа, им дозволи да работат подолго, но пред сѐ ако донесат работна сила од странство.
„Ни требаат 400.000 имигранти годишно, значи многу повеќе отколку во претходните години. Од негуватели, преку монтери на клима-уреди, до логистичари и факултетски образовани луѓе. Ќе има недостиг од работна сила во сите области“, изјави првиот човек на Агенцијата за вработување.






