Шефицата Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предизвика вистински револт кај новинарите на вчерашната прес-конференција кога одби да одговори на прашањата на новинарите за вмешаноста на потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас во коруптивниот скандал со Катар.
Тие инсистираа на одговори за најголемиот корупциски скандал што ја погоди ЕУ во последните неколку години, а се спомнуваат пронајдени „вреќи со пари“ со кои заливската земја се обидувала да „купиу“ влијание во Европскиот парламент.
Наместо одговори, заменик-портпаролот на Европската комисија, Ден Спинант, ја затвори прес-конференцијата, што предизвика бурни реакции кај новинарите кои побараа дополнителни појаснувања.





