Министерот за здравство Венко Филипче се пофали дека антиковид вакцината на „Фајзер“ ќе пристигне во Македонија во февруари.
„Чест ми е да информирам дека во февруари ги добиваме првите дози на ‘Фајзер’ вакцината.
Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на ‘Фајзер’ вакцината. Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на ‘Фајзер’ ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковакс механизмот, од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата“, објави Филипче.






