На ЕУ самитот во вторник и среда ќе се зборува за Авганистан, Кина, а и за Западен Балкан

Претседателот на европскиот Совет, Шарл Мишел во писмо до лидерите на земјите-членки на Еу ги најави темите на неформална работна вечера во Брдо кај Крањ, пред самитот ЕУ-Западен Балкан закажан за 6-ти октомври.



„За време на нашата работна вечера на 5 октомври, би сакал да одржам стратешка дебата за улогата на Унијата на меѓународната сцена во светлината на неодамнешните случувања во Авганистан, безбедносното партнерство САД-Обединетото Кралство-Австралија (АУКУС) и развојот на нашата односи со Кина “, соопшти во писмото Мишел.

Во среда, на лидерите на земјите-членки ќе им се придружат и лидерите на земјите од Западен Балкан.

На состанокот ќе се разговара за посилниот ангажман на ЕУ во економското закрепнување на регионот и одржлив развој, како и за понатамошно зајакнување на политичкиот дијалог и безбедносната соработка.

Мишел вели дека ЕУ и Западен Балкан треба да ја потврдат заедничката посветеност кон силна, стабилна и обединета Европа.

„Ова исто така ќе биде важна можност да се разговара за тоа како да се обезбеди стабилност на регионот, да се зајакне регионалната соработка и да се решат регионалните конфликти“, вели Мишел во своето писмо.