На ѕидот зад Стево сепак имало македонско знаме (ФОТО)

Во стотици коментари објавени вечерва на социјалните мрежи жестоко се критикува кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ.



Граѓаните го прашуваат Стево Пендаровски кој на 21 април ќе ја бара поддршката од македонските граѓани зошто на сценографијата пред која седеше и се сликаше го нема македонското државно знаме.

Според фотографијата објавена од многумина на ѕидот на салата во која ДУИ го промовираше Пендаровски имаше две знамиња на Албанија, едно на ЕУ и партиското знаме на ДУИ.

Ако добро се загледа во десниот дел од форографијата сепак се забележува дека има дел од македонското знаме.

Зошто знамето на државата не се вее веднаш до двете знамиња на Албанија и веднаш зад Пендаровски е друго прашање но факт е дека во салата каде што ДУИ го избра и за нивни кандидат имало знаме на Македонија.