На денешен ден во 1921 во Софија убиен Ѓорче Петров

Ѓорче Петров, револуционер кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ, беше убиен  на 28 јуни 1921 година во Софија.



Тој е еден од најверните идејни соработници и следбеници на Гоце Делчев и заштитник на целите и на принципите на ВМРО. Иако бил против предвремено кревање на востанието на македонскиот народ, активно се вклучил во Илинденското востание во 1903 година.

Идеологот на македонската револуционерна борба Ѓорче Петров (Георги Петров Николов) е роден на 2 април 1865 година во прилепски Варош.

Извор: ДЕНЕШЕН