На Данела приоритет ѝ се скопјани, а не функцијата конзул на Унгарија

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска во „Само интервју“ на Канал 5 синоќа изјави дека приоритет ќе ѝ биде да биде претставник на скопјани, што значи дека даде оставка на сегашните функции.



„Како што имам статус на конзул на Унгарија, исто така имам и статус на претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и ќе се откажам од сето тоа, затоа што во следниот период единствената намера што ја имам е да бидам претставник на сите скопјани“ одговори Арсовска на прашање на водителот што со функцијата почесен конзул на Унгарија.