На црната листа на САД е ставен црногорски бизнисмен што платил 300 илјади евра за да има соработка со екс премиерот Заев.
Името на Миодраг Давидовиќ Дака дојде на црната листа на САД дојде откако пред три години потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во емисијата ,,Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ објави документи за проектот кој требаше да се гради на земјиште на фирмата Шик Јелак каде црногорецот требаше да гради стамбени блокови.
За потребите на Дака тогашната градоначалничка на ДУИ Теута Арифи и советот на Тетово го смени ДУП-от кој подоцна беше поништен од Билал Касами.
Во телефонските разговори кои излегоа во Јуни 2020 година можеше да се слушне како Дака разговара со Зоран Милевски Кичевец за пари кој ги дал за да соработува со блискиот соработник на екс премиерот Зоран Заев лично но и со Драги Рашковски.
Во разговорот се слуша дека Дака веќе платил 300 илјади евра за што не добил никаква услуга.
Веднаш по парламентарните избори во 2020 година коалиција на Заев во Тетово го смени ДУПот кој го бараше Дака.
Македонските истражни органи никогаш не ја истражуваа аферата за кој Николовски откри докази за перење пари поврзани со овој случај.
Тогаш фиктивните фирми од Панама преку кои се „переле“ пари за инвестиции во Македонија ги објави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Тој тогаш прикажа документи на кои се гледа, преку кои компании треба да се финансира комплексот кој во Тетово ќе го гради црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ, објави во октомври 2020 година Николовски на Заспиј ако можеш на ТВ АЛФА.
,,Документацијата на Централен регистар покажува дека фирмата Јелак Градба која е инвеститор, била од Панама а како нејзини сопственици се јавуваат бизнисменот Дака и уште три лица со јужноамерикански имиња. На оваа фирма, Дака бил претседател, директор, секретар и благајник”, беше дециден е Николовски.
,,Од документите што ги поседувам, може да се види дека оваа фирма е основана во 2015-та година од страна на четири лица од кои едниот е Миодраг Давидовиќ, а останатите три лица се со интересни латински имиња. Емануел Салазар се јавува во дополнителни 8861 компанија, другиот со има Делион се јавува во исто така над 8000 компании и третиот човек односно фирма се јавува во 5000 компании. Тоа значи дека фиктивно на едно име се појавуваат повеќе компании и правни лица”, изјави Александар Николоски.
Николоски тогаш тврдеше дека неколку дена откако ја објавил аферата, во Панама имало шест посети од Македонија, додека во целата измината година имало само една или две. Тој рече дека премиерот Зоран Заев нема лесно да се извлече од оваа ситуација оти јавноста треба да знае дека за да помине еден детален урбанистички план прво треба да го одобри Министерството за транспорт и врски а тоа не е процедура што може да се заврши за седум дена, како што беше случај со инвестицијата на Дака Давидовиќ. Претходно Заев призна дека им давал насоки на советниците од СДСМ во Тетово, да гласаат за бизнисот на Дака. Лично тој дал зелено светло за ДУП-от кој вклучува изградба на триесетина згради во центарот на Тетово. Николоски очекува обвинителството да започне истрага по допрен глас, за овој, како што вели, невиден скандал, особено затоа што документите, доколку некој сака, лесно може да ги пронајде и со најобично пребарување”, откри тогаш Николовски.
На новата црна листа на САД се ставени и мајката на Јордан Камчев, Ратка Камчева и брачниот пар Самсоненко каде завршија и пет фирми кои се поврзуваат со нив.
Ратка Куноска-Камчева, која е мајка на бизнисменот Јордан (Орце) Камчев, како и рускиот бизнисмен со македонско државјанство Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина Самсоненко се новите личности од Северна Македонија кои завршија на „црната листа“ на САД.
Сите тројца, се наведува во извештајот од американското Министерство за финансии објавен денеска, на 15 ноември, се поврзани со Јордан Камчев.
Камчев беше ставен на црната листа на САД на 19 јули годинава, како едно од лицата кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција или друго дестабилизирачко однесување.
Во ажурираната „црна листа“, Агенцијата за контрола на странски имоти во Министерството за финансии на САД, смести и неколку фирми поврзани со Камчев и Самсоненко:
Покрај тројцата државјани од Северна Македонија, на американската црна листа се додадени уште седум лица од земјите од регионот: Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
Во однос на фирмите, пак, покрај петте од земјава, додадени се уште 15 други од регионот и од Русија.
„Русија продолжи да го користи своето влијание на Западен Балкан со цел да ја спречи интегрирацијата на регионот во меѓународните институции и организации, како и да ги користи клучните јурисдикции за да ги олесни нејзините агресивни
дестабилизирачки активности“, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во американското Министерство за финансии, Брајан Е. Нелсон.
Проширувањето на листата, оцени тој, ги потврдува напорите на американската влада за промовирање на мирот стабилноста и функционалното демократско владеење во регионот на Западен Балкан.
Портпаролот на Министерството за финансии, Метју Милер, пак, во изјавата посочи дека исто така санкциите се однесуваат на лица кои директно го олеснуваат руското влијание во регионот.
„Овие поединци и субјекти ги попречуваат клучните реформи и напредокот кон пристапувањето во ЕУ. Со објавувањето на овие имиња, американската влада има за дел да го промени однесувањето на инволвираните и да се бори против локалната корупција, организираниот криминал и недозволените бизниси и трговијата со влијание, што го зајакнува злонамерното влијание на Русија“, рече Милер.






