На Чедо Јовановиќ короната „му удри во глава“

По веста дека нападнал сопственикот на приватна клиника за физикална терапија и го претепал со тениски рекет се огласи лидерот на српската Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ,
Тој не ги коментира извештаите во медиумите за нападот кој полицијата го истражува, но испрати порака дека „тој не е сигурен што може да очекува во иднина“ и во патетичниот статус споменува имиња на блиски од семејството…
Според српски медиуми, лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ го претепал сопственикот на Клиниката за физикална терапија „Физио центар“ во Нов Белград, вчера околу 17 часот.
Тој на Д.И., сопственикот на Клиниката со тениски рекет му нанел неколку удари по главата и телото.
Јовановиќ дцо пред некој ден бешпе хоспитализиран откако имал воспаление на белите дробови како резултат на инфекција со коронавирус.



Инцидентот доѓа непосредно по неговото отпуштање на домашно лекување во петокот.