Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина, учесник во борбите во Косово, денеска е уапсен во нашата земја на граничниот премин Блаце.
Од МВР за МИА потврдија дека Морина е уапсен по барање на Србија, поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово.
Српските медиуми пишуваат дека се очекува во наредниот период да се покрене постапка за испорачување на Морина од Македонија во Србија.
По апсењето реагираше министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, кој верува дека македонските власти многу бргу ќе го ослободи.
Пацоли на фејсбук пишува дека е во тесен контакт со македонските власти и очекува ослободување на Морина.
Според Пацоли, потерниците на Србија се бесмислени.






