На Биљали не му е прв пат да заговара поделба на Македонија

Професорот од ФОН Мерсел Биљали кој е близок на СДСМ не му е прв пат јавно да заговара поделба на Макеоднија.



Биљали кој беше еден од тие со кои се консултираше премиерот Ковачевски за францускиот предлог пред три дена во колумна постави дилема дали Албанците треба да продолжат да живеат со Македонците со што отвори сериозна дебата во земјава.

На Биљали не му е прв пат да зборува јавно на тема поделба на Македонија.

Во 2017 година на интернет-каналот „Јутјуб“ завчера се најде снимка со Биљали во серијалот објавен од анонимно лице, кое се потпишува како „Никола Тесла“.

Станува збор за разговор меѓу новинарка и аналитичарот и професор Мерсел Биљали.

Од она што се слуша на снимката од приватниот разговор, Биљали разговара за гостите во дебатната емисија на новинарката а откако таа му одговара дека меѓу гостите ќе биде и аналитичарот Рамадан Рамадани, Биљали го квалификува како „екстремист, кој има пукано“.

Во текот на разговорот Биљали коментира и дека „Македонија треба да се подели еднаш за секогаш“.

Снимката се уште може да се најде на социјалните мрежи а Биљали кој во разговорот се шегува на тема сексуален напад односно силување никогаш не ја коментирал.

Што кажа завчера Биљали

Биљали во дилема: Дали Албанците да продолжат со Македонците кои имаат ,,расипан ментален код”