Задолжителна маска и физичка дистанца од 1,5 – 2 метри и на плажа и во вода, често миење на рацете со вода и сапун и редовно чистење и дезинфекција на околината на плажите, пртедвидуваат протоколите за работа на базени и плажи во услови на пандемија со ковид -19, усвоени од Владата на предлог на Комисијата за заразни болести.



За плажите се предвидува задолжително информирање на посетителите за почитување на мерките.

Се предвидува исто така, ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, односно максимум 15 посетители на 100 квадратни метри како и задолжителна дистанца треба да има и меѓу лежалките и соседните чадори.

Се забрануваат групните спортови (како одбојка на плажа), и задолжително е одредувањето лица кои ќе го контролираат бројот на посетителии спроведувањето на мерките.