На барање на опозицијата гласаат за недоверба на владата на Мицотакис

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата, предлог што се чини дека нема да биде изгласан со оглед на тоа дека Нова демократија има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.



Тридневната расправа започна во петокот попладне, а вечерва ќе кулминира со обраќањата на претседателите на партиите и на грчкиот премиер, по што ќе следи гласањето.