Главниот лик на македонскиот кандидат за Оскар, „Медена земја“, Атиџе Муратова е оставена да чека милостина од граѓаните откако на социјалните мрежи беа објавени броеви на кои може да се донираат пари.
Граѓаните ги споделуваат броевите ама и коментираат дека државата не може да дозволи токму таа да биде во ситуација да чека на донирани пари за да има свој дом, во кој ќе ја помине зимата, пишува Фактор.
Револтот е поголем особено што по номинирањето на филмот за Оскар, многумина во државата беа во родното село на Муратова, во Бекирлија и ѝ ветуваа многу: Работа во локалната самоуправа, пристојна куќа…
„Атиџе Муратова е во системот за социјална заштита како корисник на права од Законот за социјална заштита. Во однос на социјалните права на Атиџе Муратова, Центарот за социјална работа во Свети Николе ја следи состојбата и превзема конкретни мерки“, изјавија неодамна од Министерствотро за транспорт и врски.





