Никој не се пријавил на огласот на Град Скопје за приватни автобуси во јавниот сообраќај на линиите 20 и 22, тврдат приватните превозници.
„Никој не е пријавен бидејќи долгот не е исплатен, а исто така во новиот оглас стои услов дека ќе се плаќа после 90 дена од извшената услуга.
Кој ќе ѝ верува на Арсовска дека сега ќе плаќа?“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.
Градоначалничката ги раскина договорите со приватните превозници од „Макескспрес“ и „Слобода превоз“, одбивајќи да им го исплати дологот од 1,5 милиони евра.
Пред Нова Година Град Скопје распиша два огласа за линиите 9, 11, 12, 20 и 22, но до 10 јануари кока истекуваше на рокот за пријавување за линиите 20 и 22 беше до 10 јануари, не стигна ниедна пријава.
Град Скопје чека да помине рокот од неколку дена дали ќе стигнат понуди по пошта.







