На апсурдите им нема крај: По голф терени Марин ќе гради и автопати

Градоначалникот на Аеродром од редовите на СДСМ продолжува со апсурдите проекти и потези во општината што ја води.



Откако предходно набавуваше чешми и други предмети за огромни суми пари и ветуваше Голф терени сега Златко Марин ќе гради автопати иако тие се под ингеренции на централната власт односно на неговиот сопартиец Благој Бочварски.

Документ објавен од еден на Твитер покажува дека во Аеродром тимот на Марин пренаменува општински пари од буџетот за автопатишта.