Претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска, денеска се пожали дека ДКСК има проблем со финасиите.
На Комисијата не и беа обезбедени соодветни просторни услови и сервер сала за ставање во функција на доделената ИТ опрема, ниту пак, како што рече на денешната прес-конференција, доволно финансиски средства за развивање на неопходните софтверски решенија за обезбедување пристап до базите на податоци на 17 други институции кои треба да бидат поврзани со ДКСК, како и за електронско поднесување на изјавата за имотната состојба и интереси.
Според неа, бројот на вработните е мал и години наназад не било посветено внимание на негово унапредување.
Од тие причини до Владата доставиле информација во која предлагаат да се реши со реконструкција на постојниот деловен простор, со драстично помалку буџетски средства, со што ќе се обезбеди поголема економичност во трошењето на буџетски средства, пренесе Плусинфо.





