На антикорупционерите им требаат 16 месеци за криминал во јавните набавки

Анализата на одлуките на Државната комисија за спречување на корупцијата
по постапувањето по предметите во врска
со јавни набавки во втората половина од 2020 година на второт Mарко Митевски во издание на Институтот за демократија
„Социетас Цивилис“ – Скопје укажува на поразителни резултати од работата на ДКСК.



Според клучните наоди на анализата:

• Во втората половина од 2020 година
Државната комисија за спречување на
корупцијата донела 263 одлуки од кои во
12, или 4,6%, постапувала по предмети
поврзани со јавните набавки

• 75% од анализираните постапки биле
запрени од ДКСК, додека во останатите
случаи пријавите биле отфрлени

• Само една од објавените одлуки се
однесува на предмет поврзан со јавните
набавки кој ДКСК го покренала по сопствена
иницијатива

• Од започнувањето на анализираните
постапки до нивното завршување во просек
поминувале 489 дена или една година, 4
месеци и 4 дена
.

Предмет на анализата се одлуките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги донела по постапувањето во согласност со своите надлежности по предметите во врска со јавните набавки во втората половина од 2020 година.

Јавните набавки се посочени како
една од приоритетните хоризонтални области во борбата против корупцијата и судирот на интереси. Според достапните податоци од извештаите на Бирото за јавни набавки и отворените податоци на Електронскиот систем за јавни набавки, во изминатите три години за јавни набавки вкупно се потрошени повеќе од 2,2 милијарди евра што претставува речиси 24 проценти од државниот буџет, се наведува во анализата.

Публикацијата може бесплатно да се преземе на:

http://www.antikorupcija.mk/