Во Тетово во тек е седница на Генералниот совет на ДУИ на која треба да најде решение за барањата на „незадоволниците“ во партијата и на оние што се на функции, особено во централната власт.



Лидерот Али Ахмети се обидува со недели наназад да ја смири ситуацијата во партијата повеќе минимизирајќи ги можните последици од барањата на незадоволниците. Генералниот совет треба да го избере Централното претседателство на партијата, пишува „Независен“.

Лидерот Али Ахмети пред почетокот на седницата, изјави дека во партијата нема незадоволство, туку во тек е дијалог.

„Се работи за општ состанок на Советот, се избира претседателство, се избира, секретар и други функции. Ќе се разговара за патот на развојот на нашата политика.

Епилогот е : ДУИ продолжува, нема незадоволство, има дијалог, менаџирање, дебатирање за процесот, нема огнена група“, рече Ахмети.

Вчера на координација пред седницата на Генералниот совет не се појавиле членовите на „фракцијата“ во ДУИ, но пред крајот сепак дошле нивни претставници за да го слушнат предлогот за компромис од лидерот Ахмети.

Каков ќе биде тој компромос би требало да се дознае денеска.