На аџилак во Мека и Медина само вакцинирани

Се очекува Саудиска Арабија да прими околу 2 милиони верници за годинешниот Хаџ на 9 август, објави државната новинска агенција (СПА) рано денеска.



Сооптението доаѓа околу 18 месеци откако кралството ги затвори своите граници за странски аџии поради пандемијата на коронавирус.

Мека и Медина, најголемите светилишта за муслиманите, ќе ги пречекаат посетителите под строги заштитни мерки кои предвидуваат и социјална дистанца.

Посетителите ќе треба да презентираат сертификати за вакцинација против Ковид-19, а оние од земји за кои се сметаат дека се ризични оради коронавирусот, ќе мора да поминат низ карантин.

Хаџ е еден од петте столба на исламот. Се очекува муслиманите кои се физички и финансиски способни да го сторат тоа барем еднаш во животот.