Иконата на грчкото движење на отпорот во Грција за време на Вората светска војна Манолис Глезос, почина на 98-годишна возраст.
Починал од срцева слабост, јави Катимерини.
Тој беше активен противник на отпорот на Грција кон нацистите, а Глезос е најпознат по тоа што го симна нацистичкото знаме од Акропол во 1941 година, откако окупаторските германски сили ја освоија Атина.
Глезос беше политички активен до крајот, силно водеше кампања против штедење, наметнато на Грција за време на нејзината финансиска криза.
Во јуни 2012 година, тој беше избран за пратеник од редовите на левичарска СИРИЗА а две години подоцна стана и европратеник.
На 91-годишна возраст, тој беше најстарата личност избрана во Европскиот парламент.




