На 97 години почина сопругата на Фрањо Туѓман

Сопругата на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, Анкица, почина во 97.година од животот.



Била родена во 1926 година во Загреб, каде што се школувала се до заминување во партизани во пролетта 1944 година. Истата година го запознава својот иден сопруг Фрањо, со кого стапуваат во брак една година подоцна, по завршување на Втората светска војна.

Во 1946 година го добиле првиот син Мирослав, две години подоцна се родил Стјепан, а во 1951 година ќерката Невенка.

Анкица Туѓман беше член на ХДЗ од нејзиното основање во 1989 година, но беше избришана од членството на партијата во 2000-тите кога тогашниот претседател на партијата, Иво Санадер, изврши ревизија на членството. Индекс.хр