На 90 години ја испочитува химната, стана и пееше за Гоце, Питу, Даме, Јане… (ВИДЕО)

Иако никој немаше да и се налути највозрасениот учесник на вчерашниот народен протест во Скопје Катерина Трајкова, сепак стана од својата инвалидска количка и пееше исправена за Гоце, Питу Даме.



Катерина во јуни ќе наполни 90 години а на протестот дојде со помош на нејзините најблиски.

“Вакцинирана против коронавирусот Катерина Трајкова, која во јуни полни 90 години, денеска излезе и се приклучи на протестот во Скопје, #Македонија повикувајќи на владеење на правото и правдата во државата. Членовите на УМД со седиште во Мериленд, Катерина Трајкова и Милка Трајкова се гордеат со својата Баба”, објавија вчера на Фејсбук од Обединетата македонска дијаспора.

Една од нејзините желби на Катерина Трајкова е да дочека слобода за македонските уставобранители за кои вчера и таа протестираше.