На 7 мај, папата Франциско 10 часа во Скопје

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско на 7 мај доаѓа во прва посета Македонија и ќе остане 10 часа.



Доаѓа од Софија, на скопскиот аеродром ќе слета во 8 часот и 15 минути а ќе замине попладне во 18 часот и 30 минути.

Првата историска миса во земјава,  Франциско ќе ја отслужи на градскиот плоштад од каде ќе испрати порака за мир и сплотеност. 29 апостолско патување на папата Франциск  е најавено официјално со лого на македонски јазик на кое пишува „не бој се, мало стадо“.

.Предвидени се средби со претседателот Ѓорѓе Иванов и со премиерот Зоран Заев во претдателската резиденција на Водно, обраќање до претставниците на властите и дипломатите и посета на Спомен куѓата на Мајка Тереза.