По најновите преговори за името и префрлањето на контактите во Брисел, во Грција се подготвуваат нови масовни протести “против распродажба на името Македонија од страна на Владата”.
Комитетот за организирање на протестите во Солун и Атина веќе контактирал со локалните власти со барање да ги поддржат новите протести кои паралелно треба да се одржат и во неколку други градови.
Протестите ќе бидат поддржани од Пан – Македонската организација а ќе започнат на 6ти јуни во 19.30 часот.
Главната порака до грчките власти на протестите ќе биде дека името Македонија не смее да биде дел од решението и дека грчкиот народ веќе одлучил за ова решение кое владата треба да го испочитува.




