На 6 февруари потпишување на пристапниот протокол за НАТО

На церемонија во седиштето на НАТО во Брисел, на 6 февруари ќе биде потпишан Пристапниот протокол за членство на Македонија во Алијансата.



„На 6 февруари ќе испишеме историја: Сојузниците на НАТО ќе го потпишат Пристапниот протокол со идната Северна Македонија заедно со МНР Димитров”, напиша генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Твитер.

Во присуство на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорите на 29 земји-членки ќе го потпишат протоколот, по што Македонија ќе може да учествува во сите „клучни формати“ на северноатлантскиот совет.

По ова, секоја членка на НАТО ќе треба да го ратификува членството на Македонија во период кој нема да биде подолг од две години.  

Грција најави дека ќе биде првата земја која ќе го ратификува Протоколот во нејзиниот парламент и тоа веројатно ќе се случи на 8 февруари. 

Досега Бугарија, Германија и Велика Британија го одобрија Протоколот.