Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопшти дека минималната синдикална кошничка за декември изнесува 56.522 денари.
Пресметката е под претпоставка за семејство од двајца родители и две деца, кои живеат во сопствен стан од околу 60 квадрати.
Доколку родителите мора да плаќаат и кирија, износот на кошничката се зголемува на 71.972 денари.
За трошоци за храна и пијалоци од минималната синдикална кошничка отпаѓаат 36.7%,
трошоците за образование изнесуваат 12.3%,
за станарина, вода, електрична енергија и греење се 10.4%.
За транспорт 8.6%
8.5% за облека и обувки,
7.5% за рекреација и култура,
за ресторани и хотели, трошокот изнесува 6.6%.
Нешто под 4.4% од трошоците отпаѓаат на комуникација,
3% за хигиена,
2% за здравје и
1.7% за останати стоки и услуги.






