Под мотото „Гласни и горди“, на 24 јуни во Скопје ќе се одржи шетвртата по ред Парада на гордоста/Скопје Прајд.
„Почетната точка, како и досега, ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици според истата рута како и минатите години и ќе заврши со културно-музичката програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.
Напредокот на полето на правата на ЛГБТ+ луѓето не е изедначен, ниту пак е доволен, а постојано е соочен со напади од сили кои се противат на универзалните човекови права. Токму затоа, Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството“ беше речено денешната прес конференција на „Националната мрежа против хомофобија и трансфобија“.







