На 21 мај владеачката коалиција ќе воведе државна награда „22 ноември“ во чест на денот на албанската азбука.
Пратениците Артан Груби, Ејуп Алими, Мухамед Зекири, Горан Мисовски, Александар Кирацоски, Хари Локвенец и други, поднеле предлог за изменување и дополнување Законот за државните награди, по скратена постапка, пренесува агенцијата Макфакс.
Според бразложението, наградата се воведува со цел унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери. Предлогот е поднесен до собраниската архива на 3 мај.
Целата информација на Макфакс на следниов линк





