Одложена е најавата на кабелските оператори за прекин на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали најавен за 2 март на полноќ.
Претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, имаа средба со техничкиот премиер Оливер Спасовски иод министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, на која беше постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.
Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свестност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.





