На 10 километри од Владата диво се копаат Биткоини и не се плаќа струја на ЕВН

Протест што се случи во сабота на автопатот Скопје – Тетово каде жителите на Грчец протестираа поради дефекти на мрежата за дистрибуцуија на електрична енергија откри дека на десетина километри од Илинденска има “Забранета зона” каде ЕВН нема пристап.



Таму постои опасност за безбедноста на екипите на ЕВН и се ,,копаат Биткоини” без да се плати струјата се открива во реакцијата на австриската компанија.

„Електродистрибуција постојано во текот на многу години значително инвестираше и се обидува да направи реконструкција на мрежата во Грчец, но екипите секогаш наидуваат на навреди и закани по живот, како и закани за предизвикување на материјална штета од страна на жителите.

Дефектите во селото се резултат на преоптоварување на мрежата од самите жители кои нелегално користат електрична енергија за сопствени потреби како и за копање биткоини. По настанување на дефектите, жителите иако пријавуваат дека немаат електрична енергија, сепак не им дозволуваат на екипите на Електродистрибуција да го санираат дефектот.
Електродистрибуција иако постојано инвестира во материјални и човечки ресурси за решавање на проблемот во Грчец, сепак обидите секогаш неуспешно завршуваат бидејќи жителите не дозволуваат да се работи на ниту еден начин.“, се вели во реакцијата на ЕВН.