Н.М: „Граѓаните масовно купуваат евра – дел од менувачниците во Скопје немаат доволно и воведоа ограничувања“

„Дел од скопските менувачници се соочуваат со недостиг на евра по зголемената побарувачка во изминатите неколку дена, поради што воведоа и делумни ограничувања на сумата, што може да се размени. Тие ги враќаат граѓаните, кои се обидуваат да се снабдат со европската валута.’ – забележа екипа на ‘Нова Македонија’ при обиколката на неколку менувачници низ главниот град. Од Народна банка апелираат до граѓаните да не се водат според шпекулациите и лажните вести, нагласувајќи ја стабилноста на денарот, која се должи и на девизните резерви од околу 3,4 милијарди евра.“ – објави весникот „Нова Македонија“.

„Последниве три дена попладне не можам да најдам евра во менувачниците, за да купам. Уутринава успеав во неколку менувачници, но максимум до 200 евра. Продажниот курс е различен и се движи од 61,85 до 62 денари за евро. Во банка без провизија од сметката купив 200 евра за 61,8 денари.’ – се пожали еден повозрасен скопјанец. Во текот на денов посетивме и контактиравме со неколку сопственици на менувачници. Оттаму велат дека од вчера граѓаните почнале помасовно да менуваат денари во евра, да купуваат евра.“

„Луѓето веројатно ги подигаат своите депозити од банките, па сега ги менуваат во евра. Има мал недостиг од евра, но до крајот на денот се ќе биде под контрола. Не знаеме зошто владее ваква паника меѓу граѓаните, кога денарот е стабилен.’ – велат од менувачница која се наоѓа во центарот на Скопје. И менувачница во населбата Аеродром го има истиот проблем. Укажуваат дека во моментот немаат евра и не можат да ги услужат граѓаните. ‘Дојдете за еден час, ќе има евра. Но, ако сакате да купите до 500 евра. За повеќе нема да имаме. Почекајте до утре.’ – додаваат оттаму.“

„Од Народната банка добивме одговор дека не е забележан недостиг на евра во менувачниците или зголемена побарувачка за откуп, сметаат дека станува збор за изолиран случај.“

Интернет – врска до целата информација:



https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/dojdete-za-eden-chas-kje-ima-menuvachnici-vrakjaat-gragjani-shto-sakaat-da-kupat-evra-nb-apelira-da-ne-se-reagira-na-shpekulacii/