“Нѐ закрвија Македонци со Македонци, сме станале сатани едни на други”

Не закрвија Македонци со Македонци, сме станале сатани едни на други, кој повеќе зло да му нанесе на политички различниот Македонец,да го гони по судови за криминал и корупција, да му уништи поколенија од злоба, а притоа да биде слеп за криминалот на Албанците. 30 год иста песна, пишува професорката Тања Каракамишева Јовановска коментирајќи го судирот меѓу Македонците.



“Ретроспективата 1991-2021 ти го дава одговорот иако за твитот тој е ирелевантен. Клучен факт е дека за Албанците политичари 30 год. не важи Устав, ниту закони. А така не се гради, ниту се одржува држава. Или правото важи и се применува за сите или за никого! Нема привилегирани”, вели Каракамишева одговарајќи на прашањето кој прв започна.