Во последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, при што се регистрирани 449 нови случаи на Ковид-19. Во исто време регистрирани се 227 оздравени пациенти, а починале 10 лица, соопшти Министерството за здравство.
Од пријавените починати – ттри се од Скопје (83г, 79г, 65г) и по еден од Тетово (72г), Куманово (71г), Прилеп (79г), Велес (84г), Охрид (58г), Кавадарци (65г) и Делчево (75г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.






