МЗ: Ситуацијата во Тетово е сериозна, свадбите и веселбите да запрат

„Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот“ соопштија од Министерството за здравство по утринската координаци на министерот Венко Филипче со членови на Комисијата за заразни болести, пренесе Плусинфо.



Спооред МЗ, анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, над 90 отсто од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20 отсто во Тетово.

„Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион,а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено“, велат од Министерството.

Оттаму министерот и членовите на Комисијата на ГККШ ги предложуваат следните мерки и рестрикции:

– Забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави.

– Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30 3%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица.

– Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено.

– Засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите. Плусинфо