Во периодот од 6 август до 30 декември на територија на државата
Од вкупно регистрираните позитивни 69.242 на ковид-19 во перодот август-декември годинава, дури 22.996 лица или 33% биле целосно вакцинирани, соопшти Министерството за здравство.
Според анализата на Министерството, голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19, односно 67 проценти од позитивните, односно вкупно 46.246 граѓани.
Анализата покажува и дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, па така во изминатите недели на територија на државата починале 2.447 лица со ковид 19, од кои 22 отсто биле вакцинирани, а 1.913 пациенти од починатите не биле вакцинирани. МКД.мк







