Тринаесет илјади дози вакцини против ковид-19 кои Македонија ги доби како донација од Бугарија ќе бидат уништени како медицински отпад, велат од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК. На 14 септември во Македонија стигнаа 51.480 дози вакцини, а рокот им беше до 30 септември, што значи дека за прва и втора доза се искористиле 38. 480 дози.
Бугарското собрание на 8 септември со 146 гласа „за“ ја ратификуваше спогодбата за донација на 51.480 дози од вакцината на „Фајзер“ на Македонија. Пред гласањето, бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров кажа дека ако не биде дента изгласана ратификација, вакцините нема да можат да ѝ бидат дадени на Македонија.
„Конкретно за Македонија, изборот е дали да ги уништиме или да ги подариме, затоа што на вакцините им истекува рокот до крајот на септември“, изјави Кацаров.
„Вакцините против ковид-19 кои се донација од Бугарија денеска се повлечени од употреба поради истекот на рокот. Согласно законските процедури, вакцините ќе бидат уништени, како медицински отпад“, им одговориле од Министерството, без да одговорат колку ќе чини уништувањето на вакцините пишува СДК.






