Министерството за внатрешни работи информира дека во координација со јавното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на последниот случај со објавување снимки од прислушувани разговори преку социјалната мрежа Фејсбук.
Според министератвото утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено јавното обвинителство.
За профилот известена е и социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис, соопштуваат од МВР.
По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста.
Реакцијата на МВР се однесува на 6 прислушувани разговори кои беа објавени денеска од профил кој најверојатно се наоѓа во Чикаго, САД.
Член на ткн Кумановска група предходно најави дека ќе објави бомби.





