МВР знае кои се луѓето од ДУИ кои влегле во Контролата на летање и нападнале вработени

МВР знае кои се луѓето од ДУИ кои денеска попладне влегле во Македонска навигација и нападнале вработени.



Извори во МВР откриваат дека од надзорните камери се гледа кои се луѓето кои влегле и физички нападнале вработени во Агенцијата за контрола на летање.

Вработени во МНАВ денеска беа нападнати од неколку лица за кои извори во МВР тврдат дека се членови или блиски на ДУИ.

Предходно вработено лице во МНАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата).

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатиле кон местото на настанот и работат на превземање мерки за расчистување на целиот случај.

Претседателот на Синдикатот на контроли на летање, Александар Тасевски претходно обвини дека во објектот за контрола на летање, влегле лица и нападнале вработени.

-Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект, напиша тој на социјалните мрежи.

Човек близок на Ахмети се соочува со тероризам ако биде приведен од МВР

Полицијата го бара Беким Незири екс министер на ДУИ за нападот во МНАВ, за ЈО и тероризам е во игра

Насилниците од ДУИ го загрозиле европскиот систем за безбедност на воздушниот простор, Македонија може да биде санкционирана