МВР вработува 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци.



Отворени се работни места во повеќе сектори и тоа:  во Сектор за внатрешни работи Скопје се бараат 100 полицајци, во Секторите за внатрешни работи Струмица, Охрид, Битола и Куманово како и во Регионален центар за гранични работи Север се бараат 50 полицајци.

По 30 полицајци ќе бидат вработени во Секторите за внатрешни работи Тетово, Велес, Штип како и во  Регионалните центри за гранични работи Запад и Југ и во Одделот за заштита на определени личности и објекти и во Единицата за брзо распоредување.

По 20 полицајци ќе бидат вработени во Регионалниот центар за гранични работи Исток и во Единицата за специјални задачи, .

По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

потребни услови и документи на следниот линк:

https://mvr.gov.mk/vest/14125